!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Јужна Кореја ѝ предложи преговори на Северна Кореја за учество на ЗОИ 2018


       
Сеул, 2 јануари, 2018 - 12:41 (META) 

Јужна Кореја денеска ѝ предложи на Северна Кореја на 9 јануари да одржат преговори на кои делегациите на двете земји ќе разговараат за можно учество на Северна Кореја на Зимските олимписки игри (ЗОИ) оваа година.

Ваквиот предлог доаѓа откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека ја разгледува можноста за испраќање на екипи на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг во Јужна Кореја во февруари.

Тој рекол дека двете страни треба итно да се состанат и да разговараат за ваквата можност, пренесува „Би-би-си“.

Јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин дека ваквата понуда ја смета како „шанса за кршење на мразот“ за подобрување на односите.

На состанокот на Владата денеска, Мун Џае-ин, исто така навел дека нуклеарната програма на Северна Кореја ќе биде во позадината на било какви преговори кои се однесуваат на спортот.