Видеостандардот 720 пиксели постепено се заменува со 1.080 пиксели, а новиот 4K (4.000 пиксели) станува сè пораспространет. Сепак, изгледа дека 8K е следниот чекор за „Јутјуб“. Компанијата официјално нема соопштено, но веќе почна да става видеосодржини со поддршка за 8K (8.000 пиксели).
Во моментов само неколку видеозаписи се достапни во резолуција 8K .
Проблемот, кога станува збор за видеосодржините со резолуција 8K, е во достапноста на монитори што ја поддржуваат. Постојат само телевизори со резолуција 8K, но тие тешко се наоѓаат и чинат премногу. Во секој случај, опцијата за прикажување 8K-видеосодржини на „Јутјуб“ е тука, а оние кои се во можност, можат и да пробаат.
Сепак, важно е да имате брза интернет-конекција.