fbpx

Малала Јусуфзаи и Каилаш Сатјарти ја примија Нобеловата награда за мир

-

Пакистанското девојче Малала Јусуфзаи, која талибанците ја ранија затоа што не сакала да го напушти училиштето, и индискиот активист Каилаш Сатјарти денеска ja примија Нобеловата награда за мир на церемонија во Осло.

Признанието им е врачено за време на дводневната манифестација, на која им се одаде почит за нивното залагање за правата на децата.

Малала стана најмладиот лауреат откако по ранувањето в глава тргна во глобална кампања. Одредени групи во Пакистан ја обвинија дека е марионета на Западот и оти ги урива начелата на конзервативниот ислам.

– Ја раскажував својата приказна, не затоа што е единствена, туку затоа што не е. Тоа е приказна на многу девојчиња – рече Малала, примајќи ја наградата.

Сатјарти, кој се смета заслужен за спасување на околу 80.000 деца од ропство, понекогаш и насилни конфронтации, не се истакнуваше во Осло, па дури и призна дека Малала го засенила.

– Изгубив двајца свои колеги. Носењето на телата на колегите кои се бореа за заштита на деца, е нешто што никогаш нема да го заборавам, дури и кога седам и ја примам Нобеловата награда за мир – рече индискиот активист.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...