fbpx

Јункер: На Западен Балкан сакаме да му понудиме недвосмислена европска перспектива

-

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, денеска за време на пленарно заседание на Европскиот парламент во Стразбур изјави дека Западен Балкан е најкомплицираниот регион во Европа и ја повика Европската Унија да му се посвети на регионот.

Јункер и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, ги известија европските пратеници за дебатата што минатата недела ја имаа лидерите на ЕУ за ситуацијата на Западен Балкан.

Претседателот на ЕК ја појасни својата изјава за проширувањето на ЕУ, дадена на почетокот на неговиот мандат.

– Кога на почетокот на мојот мандат реков дека нема да има ново проширување до 2019 година, тоа создаде конфузија на Западен Балкан. Сепак, ние ги продолживме разговорите и пристапните преговори со државите од тој регион – нагласи Јункер и додаде дека
Комисијата сака да им понуди на земјите од Западен Балкан недвосмислена европска перспектива.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Реакции по одлуката Саудиска Арабија да го предводи форумот за правата на жените на ОН

Саудиска Арабија е избрана да биде претседавач со комисијата на Обединетите Нации што ја промовира родовата еднаквост, а одлуката е критикувана од групи за човекови права поради исклучително лошото...