fbpx

Јункер: На Црна Гора ѝ се заканува банкрот

-

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, ја предупреди Црна Гора за ризик од банкрот ако го изгуби арбитражниот спор против Централноевропската алуминиумска компанија (ЦЕАК), која пред меѓународните судови бара отштета од речиси милијарда евра.

Јункер во изјава за шпанскиот весник „Нуево лунес“, ја повика владата на Црна Гора да се договори и да најде одржливо решение за Комбинатот за алуминиум „Подгорица“ (КАП).

– Бизнис-изворите сугерираат дека КАП не е изолиран случај, туку дека слична е ситуацијата и со холандскиот МНШ, кој управува со железарницата. ВТ-банката од Австрија, исто така, покрена арбитража пред меѓународните судови затоа што не можела да ја оствари судската заштита во Црна Гора – вели претседателот на Европската комисија.

Централноевропската алуминиумска компанија (ЦЕАК) пред меѓународните судови поднесе две тужби против властите во Подгорица, барајќи отштета од 910 милиони евра. Црногорскиот БДП изнесува 3,3 милијарди евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...