fbpx

Јункер: Ќе ми недостига Камерон

-

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, го поздрави заминувањето на британскиот премиер Дејвид Камерон и порача дека за ништо не му забележува.

Светските медиуми потсетуваат дека двајцата политичари, на почетокот имаа прилично лоши односи бидејќи Камерон се обиде да го блокира изборот на Јункер за прв човек на Европската комисија и предупреди дека ќе ги наведе Британците да гласаат за излез од Европската Унија.

Граѓаните на Велика Британија на референдумот на 23 јуни го поддржаа излегувањето од Унијата, а Камерон потоа најави оставка, која денеска официјално ќе ја поднесе, по што премиерка на Велика Британија ќе стане досегашната министерка за внатрешни работи Тереза Меј.

Јункер во обраќањето пред новинарите во Пекинг рече дека со Камерон имал „одличен професионален и личен однос“ од неговото именување во 2014 година. Тој истакна дека за ништо не му забележува на Камерон.

„Го доживеав човекот како сериозен, како некој кој не трпи глупости и кој е на ниво на задачата во секој момент, кога работите ќе станат сериозни“, рече претседателот на ЕК.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...