fbpx

Јункер: ЕУ да се отвори кон Западен Балкан за да нема нови војни

-

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, денеска порача дека Европската Унија треба да се отвори кон прифаќањето нови членки од Западен Балкан за да се избегне ризикот од нови војни во регионот.

Говорејќи во Европскиот парламент на денешната пленарна седница, каде попладнево се презентира и извештајот на Европската Комисија за напредокот на земјите од Западен Балкан и Турција во реформите неопходни за евроинтегративниот процес, Јункер рече дека доколку ЕУ не се отвори кон овие земји што се наоѓаат во многу комплициран и трагичен регион и доколку не им даде европска перспектива, постои можност за враќање на војната во ова подрачје, каква што имаше во 90-тите години.

– Не сакам да видам нова војна на Балканот, па затоа мораме да се отвориме за нив – рече Јункер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...