This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Sat Sep 22 9:14:52 2018 / +0000 GMT

Јункер: ЕК предлага да прекине летното и зимското сметање на времето




Во своето годишно обраќање пред европратениците во Стразбур, претседателот на Европската комисија (ЕК), Жан Клод Јункер, соопшти и дека ЕК денеска го доставила предлогот во ЕУ да престане промената од зимско и летно време и обратно.

- Промената на часовниот мора да престане. Земјите-членки треба да решат дали нивните граѓани ќе живеат според летно или според зимско време. Очекувам и Парламентот и Европскиот совет да го споделат овој став. Нема повеќе време - рече Јункер.

Европскиот парламент на почетокот на февруари годинава го одобри предлогот за укинување на зимско и летно сметање на времето и ја префрли топката на ЕК. Комисијата денеска и официјално го прифати предлогот, по што во ЕП треба да се изгласа закон и потоа ќе остане 28-те членки на ЕУ да ја прифатат промената.

Одлуката Јункер ја најави на крајот на минатиот месец, соопштувајќи ги резултатите од онлајн-анкетата.
Post date: 2018-09-12 13:53:02
Post date GMT: 2018-09-12 11:53:02
Post modified date: 2018-09-12 14:44:27
Post modified date GMT: 2018-09-12 12:44:27
Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. HTML saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com