fbpx

Јункер: Ако ѝ дозволиме на Каталонија, и други ќе сакаат да се отцепат

-

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, денеска изјави дека не сака Каталонија да стане независна затоа што тоа би охрабрило и други региони во други држави да го направат истото, што дополнително би го комплицирало управувањето на Европската Унија.

– Доколку дозволиме Каталонија да се одвои, а тоа не е наша работа, тогаш и други ќе го направат истото. Јас не го сакам тоа – рече Јункер во говорот на Универзитетот во Луксембург.

Тој додаде дека е многу загрижен поради сепаратистичките тенденции во Европа и го охрабри шпанскиот премиер Маријано Рахој да осигури дека ситуацијата ќе ја доведе под контрола.

Коментирајќи ги повиците од Каталонија за посредување, Јункер рече дека Комисијата не може да посредува доколку тоа го бара само едната страна.

Европската Унија претходно соопшти дека верува во Рахој во поглед на решавањето на внатрешните прашања на Шпанија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...