fbpx

Јово Вангеловски – нов претседател на Врховен суд, Стојанче Рибарев – в.д. претседател на Кривичен

-

Судскиот совет на денешната седница ги избра судијата Јово Вангеловски за претседател на Врховниот суд, а врховниот судија Стојанче Рибарев го назначи за в.д. претседател на Основен суд Скопје 1. За изборот на Вангеловски гласаа 12 членови на советот, а еден беше против, а според Бадентеровото правило, кое е неопходно при изборот на претседател на суд, петмина беа „за“, а еден беше „против“. За изборот на Рибарев гласаа 10 членови на Судскиот совет, а четворица беа против откако претходно беше констатирана оставката на судијката Татјана Михајлова која ја вршеше оваа функција.

Двајцата судии беа избрани по предлог на претседател на Судскиот совет, Зоран Караџовски.

Тој во изјава за медиумите по седницата рече дека се одлучиле в.д. претседател на Основен суд Скопје 1 да се назначи Рибарев затоа што доаѓа од највисокиот суд, односно Врховниот суд, и има искуство како претседател на Основен и на Апелациски суд во Штип.

Караџовски изјави дека целта е да се надмине состојбата во скопскиот кривичен суд по оставката на досегашната в.д. претседателка Татјана Михајлова, која беше констатирана на денешната седница.

На денешната седница, Судскиот совет ја утврди конечната листа на кандидати за претседатели на Врховниот суд, по што Караџовски даде предлог за претседател да биде избран Јово Вангеловски, кој имал и најголем број бодови на оценувањето, односно имал вкупно 250 бодови.

На прашање зошто не се избира претседател на Основниот суд Скопје 1, Караџовски рече дека во моментот сметале дека ова е најдобро решение, а до конечниот избор на претседател остануваат отворени повеќе опции.

Судијата Рибарев функцијата в.д. претседател може да ја извршува најмногу една година.

Вангеловски е поранешен претседател на Врховниот суд и актуелен судија во овој суд. Тој за претседател на Врховен суд беше избран во 2008 година, а оваа функција ја извршуваше до 2012 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...