fbpx

Јово Вангеловски назначен за член на комисијата за завршен испит на Академијата за судии и јавни обвинители

-

Поранешниот претседател на Врховниот суд и актуелен судија во овој суд, Јово Вангеловски, е назначен за член на комисијата за завршен испит на Академијата за судии и јавни обвинители од управниот одбор на Здружението на судии на Република Македонија.

Според соопштението на Здружението на судии, предложена била судијката Снежана Ѓорѓиевска-Зекирија, но бидејќи таа е член на комисија за приемен испит, не можела да биде назначена за член на комисија за завршен испит.

„Во согласност со Законот за Академија за судии и јавни обвинители на Република Македонија, членови и заменици-членови на комисијата за завршен испит не можат да бидат членовите и замениците на управниот одбор, програмскиот совет, комисијата за приемен испит, директорот на Академијата, како и предавачите и менторите што се ангажирани во почетната обука. Од причина што судијата Снежана Ѓорѓиевска-Зекирија била член на комисија за приемен испит, по укажување на Академијата за судии и јавни обвинители, таа не може да биде назначена за член на комисија за завршен испит. Со оглед на наведеното, во согласност со Законот за Академија за судии и јавни обвинители, управниот одбор на Здружението на судии на Република Македонија на телефонска седницата одржана на 25 ноември 2015 година, донесе одлука за член на комисијата за завршен испит на Академијата за судии и јавни обвинители да биде назначен судијата Јово Вангеловски – судија на Врховен суд на Република Македонија“, се вели во соопштението на Здружението на судии.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Херзи Халеви, изјави дека Израел ќе одговори на иранскиот воздушен напад, но дека сè уште размислуваат кога и како ќе го направат тоа. Иранскиот...