fbpx

Јовески: Расветлувањето на нападот врз Собранието од 27 април ќе ми биде приоритет

-

Кандидатот за нов државен јавен обвинител Љубомир Јовески во изјава за „Гласот на Америка“ на македонски јазик тврди дека една од најлесните задачи ќе му биде одвојувањето на Обвинителството од владејачкиот апарат бидејќи самиот никогаш не потпаднал на притисоци и влијанија и преку своето искуство ќе ги охрабри обвинителите да работат чесно и според законот истовремено гарантирајќи им ја неговата заштита.

Тој најави дека расветлувањето на настаните од 27 април и насилниот упад во Парламентот како и ревидирање на досегашното постапување ќе биде приоритет по неговото назначување.

– Доколку бидам избран за јавен обвинител, за овие случаи ќе побарам реферирање за досегашното постапување. Бидете уверени дека и тие случаи ќе бидат истражени неселективно. Ова сигурно ќе ми биде една од првите работи, по преземањето на функцијата доколку бидам избран, за да се утврди вистината за настаните на 27 април и сторителите – вели Јовески.

Кандидатот за нов државен јавен обвинител потенцираше дека нема да толерира неажурност но и дека ќе се фокусира на предмети во кои не се постапувало навремено поради надворешни влијанија или центри на моќ.

– За мене е најважно почитувањето на принципот на легалитет, односно во сите случаи каде што ќе се утврди дека има сторено кривично дело, извршителот ќе се гони, без разлика за кого се работи, без разлика на политичка припадност или дали доаѓа од некој центар на моќ. Доколку се утврди дека некој обвинител чувал предмети во фиока и не постапувал согласно професијата и законите. Одговорноста ќе ја барам лично од обвинителот, но и од претпоставениот доколку вршел влијание врз него – додава Јовески.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...