fbpx

Јовески: За Алмир Алиу ќе се постапува неселективно, непристрасно и професионално

-

Апелирам до политичките партии да не вршат притисок и да не се мешаат во вршењето на јавно-обвинителската работа, како што е случајот деновиве, стои во изјавата на државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, по повод вчерашниот протест поради преквалификацијата на кривичното дело во случајот со смртта на четиригодишниот Алмир Алиу.

Тој нагласува дека обвинителите својата работа ја вршат и одлуките ги носат и ќе ги носат исклучиво врз основа на одредбите од законот и изведените докази.

– Со моето доаѓање на функцијата Јавен обвинител на Република Македонија ветив дека одлуките нема да се носат врз основа на желби на партиските штабови или центри на моќ. Професионализацијата и враќањето на довербата во Обвинителството ми се основни принципи при вршењето на оваа одговорна функција. Политичките партии, без разлика дали се на власт или во опозиција, без разлика на етничка припадност, се заложија дека ќе ги тргнат рацете од Обвинителството, ќе ја почитуваат неговата самостојност и дека се залагаат за вистински реформи во правосудниот систем. Затоа барам, и во случајот кој деновиве ја бранува јавноста, да постапуваат согласно нивните јавно искажани и декларирани принципи – изјави Јовески.

Тој уверува дека и за трагичниот настан, во кој животот го загуби четиригодишниот Алмир Алиу, се постапува неселективно, непристрасно, професионално и врз основа на законот.

– Исто така, апелирам при коментирањето и оценките за конкретниот кривично-правен настан, да се земат предвид сите докази и факти од целиот настан. Само со целосна анализа на доказите се утврдува материјалната вистина и кривичната одговорност. Политичките субјекти доколку се сомневаат или имаат забелешки на мојата професионална работа можат да побараат мое разрешување. Додека ја вршам фукцијата Јавен обвинител на Република Македонија, сторителите ќе бидат третирани врз основа на фактите и стореното кривично дело, а не врз основа на етничка или партиска припадност – подвлекува Јовески.

Четиригодишниот Алмир загина 25 јуни 2016 година, откако Бобан Илиќ го прегази со автомобил пред Ургентниот центар во Куманово, по претходна банална расправија во болничките ходници меѓу семејствата на Алмир и на обвинетиот.

Протестите и реакциите доаѓаат откако обвинителството го преквалификуваше кривичното дело за кое го гони Илиќ, од убиство во сообраќајна незгода со смртни последници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...