fbpx

Јовески: Отворена е предистражна постапка за злоупотребите на АКМИС во судовите

-

Скопското јавно обвинителство отворило предистражна постапка во врска со извештајот на работната група на Министерството за правда за злоупотреби на Автоматизираниот компјутерски систем за управување со судските предмети (АКМИС) во судовите, потврдил државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески за „СДК.мк“.

„Во врска со неправилностите во електронската распределба на предметите кај судии што ги воочила групата експерти при Министерството за правда, при извршените контроли во Основниот суд Скопје 1, во Врховниот и во други судови, можам да ви потврдам дека се води предистражна постапка и во оваа фаза таа е тајна“, одговорил Јовески.

Според наодите на Комисијата, кои на прес-конференција ги презентираше министерот за правда, Билен Саљији на почетокот на декември, минатата година, во Кривичниот суд во Скопје не се користел модулот за автоматска распределба, туку таа се вршела рачно, а предметите биле распоредувани само со параф на претседателот на судот и со телефонско јавување во судската писарница.

Во Врховниот суд, АКМИС се применувал спротивно на судскиот деловник и наместо предметот да оди кај судија по случаен избор, него го добива очекуван судија.

Инаку, извештајот на работната група на Министерството за правда за АКМИС досега не е јавно објавен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нов апарат за магнетна резонанца во болницата „Св. Еразмо“

Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, доби нов апарат за магнетна резонанца вреден 1,2 милиони евра, а е набавен со поддршка од Европската Унија, изјави...