fbpx

Јовески го испрати барањето за автентично толкување до Собранието

-

Јавниот обвинител Љубомир Јовески денеска до Собранието го испрати барањето за автентично толкување за член 22 од Законот за Специјалното јавно обвинителство.

Ваквиот потег уследи откако стручниот колегиум на Јавното обвинителство на проширениот состанок пред една седмица одлучи дека начелно-правното мислење на Врховниот суд за предметите на Специјалното јавно обвинителство ја нарушува законитоста и дека ќе поднесе барање до Собранието за давање автентично толкување на член 22. од Законот за СЈО.

Сè почна со одлуката на Врховниот суд, кој на општа седница на 30 јануари, одлучувајќи по иницијатива на адвокатите Боро Тасевски и Еленко Миланов, бранители на голем дел од обвинетите во случаите на СЈО, донесе мислење дека Специјалното обвинителство не смеело да почнува истраги и да отвора судски процеси по истекот на рокот од 18 месеци внесен во законот за ова обвинителство.

„Потребата од давање автентично толкување произлегува од  различното толкување на чл. 22 од Законот за јавното обвинителство  за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите“, се вели во барањето што Јовески денеска го испрати до Собранието.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...