fbpx

Јолевски во САД побарал на Македонија да ѝ се даде покана за членство во НАТО

-

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, денеска присуствуваше на тркалезната маса што се одржа во Комитетот за вооружени сили во Сенатот на САД. Говорници на настанот биле сенатори, конгресмени и претставници од Југоисточна Европа.

Како што информираат од Министерството за одбрана, Јолевски истакнал дека интеграцијата на земјите од регионот во НАТО и во Европската унија ќе придонесе за понатамошно зајакнување на земјите од регионот и позитивно ќе влијае врз стабилноста и врз просперитетот на земјите од Југоисточна Европа. Јолевски побарал што поскоро на Македонија да ѝ се даде покана за членство во НАТО.

За време на дискусија на тема „Безбедноста и мигрантската криза во Западен Балкан“, организирана од германскиот „Маршал фонд“, Јолевски порачал дека е потребна поголема соработка и координација меѓу државите зафатени од неа.

– Кризата со мигрантите е заеднички предизвик на Европа и затоа има потреба да се зголеми соработката и координацијата помеѓу државите погодени од неа. Последните настани ја наметнаа неопходноста од поддршка, обединување, не само во ЕУ, туку и пошироко – рече Јолевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...