fbpx

Јеронимос: Спорот не се решава со викање и протести

-

Грчкиот архиепископ Јеронимос смета дека прашањата, како што е она со спорот со името, не се решаваат со протести, јавува дописничката на МИА од Атина.

За разлика од протестот во Атина пред четири месеци кога Грчката православна црква го поддржа и учествуваше со три претставници, сега грчкиот архиепископ вели дека неговиот став е дека ваквите прашања не се решаваат со протести.

– Позицијата на црквата е цврста и тоа го кажуваме и пак го кажуваме и го повторуваме. Црквата рече: името Македонија не е лесно да го дадеме, да го позајмиме. Моите ставови се дека со овие прашања не се соочуваме со протести, со викање и т.н. Одговорен е Парламентот, ќе одлучи, ќе преземе одговорност. И уште нешто: Парламентот не е сам, се гласа од народот – рече Јеронимос одговарајќи на новинарски прашања по посетата на еколошки центар за предучилишно образование.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...