fbpx

Јемен: Американски заложник убиен при спасувачка операција

-

Американски заложник, Лук Симер, е убиен во Јемен за време на спасувачката акција на американските и на јеменските сили.
Американскиот претседател Барак Обама го осуди убиството на фоторепортерот, кој повеќе од една година е киднапиран во Санаа, нарекувајќи го „варварско убиство“.

Висок официјален претставник на безбедносните служби во Јемен претходно изјави дека Сомерс е повреден, но дека не знае што потоа се случило со него.

– Американските војници ги ослободија сите заложници. Тој беше повреден, но не знаеме дали е жив или мртов – изјави јеменскиот официјален претставник.

Десет милитанти се убиени во оваа операција.

Ал Каеда на Арапскиот Полуостров, која го киднапираа Сомерс (33), во четвртокот се закани дека ќе го ликвидира.
Вашингтон ја смета Ал Каеда на Арапскиот Полуостров за најопасна ќелија на терористичката организација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...