This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Sun Dec 16 15:00:45 2018 / +0000 GMT

Јавното обвинителство отворило предистражна постапка за рудникот Казандол




Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отворило предистражна постапка во која се бараат дополнителни докази за начинот на кој е издадена концесијата за експлоатација на бакар во рудникот Казандол, објави „Призма“.

„Побарано е од МВР да преземе одредени дејствија и активности во насока на обезбедување на докази и утврдување на одредени околности наведени во кривичната пријава во врска со овој случај. Потоа Јавното обвинителство ќе одлучи дали предистражната постапка ќе доведе до отворање на истрага“, велат од Јавното обвинителство.

Оваа кривична пријава е поднесена на почетокот на јануари годинава, и се однесува на „основано сомнение дека група од повеќе сторители се здружиле со цел на незаконски начин да овозможат компанијата „Сардич МЦ“ противправно да добие Договор за експлоатација на бакар, злато и сребро“.

Post date: 2018-03-06 11:00:56
Post date GMT: 2018-03-06 10:00:56
Post modified date: 2018-03-06 11:00:56
Post modified date GMT: 2018-03-06 10:00:56

Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. MS Word saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com