fbpx

Јавното обвинителство нареди истрага за смртта на гостиварецот

-

Основното јавно обвинителство Гостивар издало наредба за спроведување истражна постапка за смртта на 56-годишниот маж, чие безживотно тело со две прострелни рани вчера попладне беше пронајдено на споредниот пат Тетово – Гостивар, соопштија од јавното обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител извршил увид на местото каде било пронајдено телото и дал насоки за прибирање докази.

Телото било пронајдено на десетина метри од паркиран автомобил со тетовски регистарски ознаки.

„Станува збор за жител на гостиварско село, роден 1958 година. Јавниот обвинител донесе наредба за спроведување истражна постапка и даде насоки за прибирање на доказите од местото на настанот. Воедно, дадена е наредба за вршење обдукција за да се утврдат причините за настапување на смртта. Од увидот на местото на настанот извесно е дека на телото на починатиот има две прострелни рани“, стои во соопштението од јавното обвинителство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...