fbpx

Јавно обвинителство: Откриена е тајната работилница за фалсификување лични карти

-

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека при постапувањето по предметот за фалсификуваните лични карти, кои беа предадени од страна на новинарот на „Фокус“, Љубиша Арсиќ, на министерот за внатрешни работи, пронајдена била работилницата каде се фалсификувале документите.

„Во вршењето истражни дејства, во тек на вчерашниот ден, успешно е спроведена акција по наредба на јавен обвинител, во која е пронајдена тајната работилница каде е вршено фалсификувањето на документите. Станува збор за обемен материјал, опрема и апаратура која се користела за изработка на фалсификуваните лични карти и на други документи. Пронајдениот материјал е одземен и е предмет на понатамошна анализа и истражување. За овој настан приведени се три лица, но постојат индиции и за инволвирани други лица и за сторени други кривични дела“, соопштуваат од Основното јавно обвинителство.

Оттаму велат дека со повеќе информации во врска со овој случај ќе се произнесат во следните денови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...