fbpx

Јавните тоалети во Охрид повторно надвор од употреба, обиени автоматите за наплата

-

Не престануваат континуираните оштетувања на јавните тоалети поставени во централното градско подрачје во Охрид. Овој пат насилно се исечени автоматите за влез во јавните тоалети поставени кај малиот плоштад.
И овој случај на уништување на јавните добра е пријавен во полиција и се` додека не се санира штетата тоалетите ќе бидат надвор од употреба.

Пред два месеци беа обиени автоматите за влез во двата јавни тоалети кои се поставени во стариот дел од градот кај Горна Порта, додека ова е второ уништување на автоматите за влез во јавните тоалети поставени кај малиот плоштад кај Т.Ц.АМАМ.

Охриѓани и туристите со децении чекаа градот да ги добие јавните тоалети, а ваквите вандалски чинови најмалку одат во прилог на угледот на најголемиот туристички центар со оглед на тоа што во градот се уште има туристи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...