fbpx

Јавните обвинители ќе добиваат повисоки плати за прекувремена и за работа на празници

-

Јавните обвинители и судиите ќе добијат повисоки плати за прекувремена работа и за работа на празници од 35 до 50 отсто. Ова го предвидуваат предлог-законите за измени и за дополнување на Законот за плати на јавните обвинители, односно судии, кои веќе се во собраниска процедура по скратена постапка.

Предлагач на двата предлог-закони е Владата, а претставници се министерот за правда, Аднан Јашари, и неговата заменичка, Билјана Бришковска-Бошковски.

За предлог-законот за платите на јавните обвинители, како што стои во материјалите на Собранието, е предвидена сума од 20 милиони денари годишно или околу 325.000 евра, додека во предлог-законот за платите на судиите не е наведена конкретна сума и само стои дека „за спроведувањето на предлог-законот потребни се дополнителни финансиски средства во судскиот буџет во износ наведен во формуларот за фискални импликации“.

Според материјалите што можат да се видат на интернет-страницата на Собранието, предложените измени на двата закона се идентични по содржина, а различни се само членовите што се дополнуваат или менуваат.

Така, на членот 6 од Законот за платите на јавните обвинители се додаваат два нови члена, 6-а и 6-б.

Членот 6-а, став 1, вели:

„Платата на јавниот обвинител по час му се зголемува за:

  • работа подолго од полното работно време во висина од 35 проценти и
  • работа во деновите на празници во висина од 50 проценти.

Ставот 2 од истиот член вели дека „евиденцијата за овој вид работа ја води јавниот обвинител на јавното обвинителство“.

Во членот 6-б, став 1, пак, стои:

„Јавниот обвинител има право на додаток на плата за:

  • посебни услови за работа;
  • постоење на висок ризик и
  • доверливост“

На средината на октомври, јавните обвинители оддржаа состанок со републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски, на кој меѓу другото изразиле незадоволство од  донесувањето на Законот за специјално обвинителство, посочиле дека условите во кои работат обвинителствата се исклучително незадоволителни, особено кадровската екипираност, а новиот Закон за кривична постапка (ЗКП) ги зголеми надлежностите на јавното обвинителство.

На состанокот  бил посочен и финансовиот план што до Советот на јавни обвинители го достави обвинителката Катица Јанева. Обвинителите на состанокот реагирале на високите примања и надоместоци наведени во планот, кои, според нив, биле „значително поголеми од примањата на постојниот кадар во обвинителствата“ и побарале „коригирање на примањата на јавните обвинители, кои постапуваат по тешки предмети“.

Овие забелешки беа неколкупати споменати и од претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски, додека траеше сапунската опера со изборот на помошниците-обвинители од тимот на Катица Јанева.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...