fbpx

Јавниот долг на Македонија достигна 6,7 милијарди евра

-

Во првиот квартал од годината, надворешниот бруто-долг изнесува 6.707, 4 милиони евра или 70,9 проценти од домашниот бруто-производ (БДП), што претставува пораст од 1,1 процентен поент од домашниот бруто-производ на квартална основа, објави Народна банка.

Споредено со крајот на првиот квартал на 2015 година, надворешниот бруто-долг се зголемил за 1,8 процентни поени од домашниот бруто-производ, во услови на пораст на јавниот и на приватниот долг.

– Годишниот пораст на јавниот долг во најголем дел е предизвикан од порастот на долгот на државата поради емисијата на четвртата еврообврзница во декември 2015 година и понатамошниот пораст на долгот на јавните претпријатија за поддршка на патната инфраструктура. Кај приватниот долг, порастот најмногу се должи на заемите помеѓу поврзани субјекти, односно забележан е значителен пораст на меѓукомпанискиот долг – се вели во кварталниот извештај на Народна банка.

Во него се додава дека показателите за надворешната задолженост на домашната економија и понатаму покажуваат дека надворешниот бруто-долг се наоѓа во „безбедната зона“.

– Единствен показател според кој економијата се класифицира во групата на високо задолжени земји претставува учеството на надворешниот бруто-долг во домашниот бруто-производ – се додава во извештајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...