fbpx

Јавната потрошувачка во државите на ЕУ, 48,1 отсто од БДП

-

Вкупната јавна потрошувачка во земјите на Европската унија, изминатата година изнесувала 6.701 милијарди евра, односно 48,1 отсто од БДП на ЕУ. Таа бројка изнесувала 48,6 проценти од БДП во 2013 година, соопшти денеска од Европскиот завод за статистика Евростат.

Меѓу државите-членки на ЕУ, општата државна потрошувачка варирала под 35 проценти од БДП во Литванија и во Романија, до повеќе од 57 проценти од БДП во Финска, Франција и во Данска.

Најголема ставка во потрошувачката на државите на ЕУ е социјалната заштита на која отпаѓа 40,2 проценти од вкупната потрошувачка, потоа е здравството (14,8 проценти), општите јавни услуги (14,1 отсто), образование (10,3 проценти) и економски прашања (8,8 проценти).

Најголем пад на јавната потрошувачка изразен во БДП имале Грција и Словенија, а најголем пораст – Кипар, Малта и Австрија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...