fbpx

Јавен обвинител врши увид на местото каде што беше убиен градоначалникот Идризи

-

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Тетово врши увид на местото каде околу 10.40 часот беше убиен градоначалникот на Општина Боговиње, Хазби Идризи, информираат од обвинителството.

„Според првичните информации, осомничениот го паркирал своето возило во непосредна близина на Општина Боговиње и се упатил кон бурекџилницата од спротивната страна, каде во тој момент седел градоначалникот на општината. По кратка расправија со градоначалникот, осомичениот испукал неколку куршуми со пиштол кон него. По настанот осомничениот, инаку поранешен вработен во Општина Боговиње, се упатил кон својот дом, каде се обидел да си го одземе животот“, информираат од обвинителство.

Градоначалникот со возило бил префрлен во болницата во Тетово, каде била констатирана смрт, додека осомничениот поради сериозноста на повредата бил пренесен на КАРИЛ во Скопје и по наредба на јавен обвинител обезбеден.

Од МВР подоцна информираа дека лицето Ќ.А. (53) од Боговиње, кое беше повредено од огнено оруже во пределот на главата и кое беше префрлено во Ургентниот центар Скопје, им подлегнало на повредите и починало.

Надлежниот обвинител до моментов издаде наредба за обдукција на телото на починатото лице, наредба за собирање траги и доказен материјал од местото на настанот, како и наредби за криминалистичко-техничко вештачење.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...