fbpx

Јас барам/Ние бараме: Земјата да се врати на правиот пат!

-

Иницијативата „Јас барам / Ние бараме“, која е поддржана од 111 граѓани, денеска изрази загриженост ситуацијата во која што се наоѓа Македонија и воедно даде поддршка за изборот на новиот претседател на Собранието, Талат Џафери.

Тие на прес-конференција ги презентираа своите барања кои, според како што рекоа, „ќе осигураат одговорност и ќе значат заземање на нашиот граѓански глас со намера да се врати нашата земја на правиот пат“.

Иницијативата бара формирање на нова влада во најкус можен рок, департизација и враќање на функционалноста на институциите во државата како сервис на граѓаните, итно расчистување на настаните во Собранието од 27 април и одговорност за сите инволвирани согласно нивните дела и акции, продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство, институциите и партиските лидери да изразат цврсти уверувања дека во Македонија говорот на омраза и криминалот од омраза нема да се толерираат и сите еднакво ќе одговараат пред законот, запирање на политичкиот прогон од страна на институциите на граѓанските организации, да се овозможи на медиумите да ги информираат граѓаните објективно без да се соочуваат со притисоци и насилство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...