fbpx

Јапонскиот премиер го распушти парламентот, избори на 22 октомври

-

Премиерот на Јапонија, Шинзо Абе, официјално го распушти долниот дом на јапонскиот парламент, за да се одржат предвремени избори на 22 октомври.

Откако претседателот на парламентот, Тадамори Ошима, го прочита писмото на Абе за распуштање на парламентот, пратениците ги подигнале рацете и три пати го повториле традиционалниот јапонски израз „банзаи“, со значење „вечен нека е“.

По распуштањето на парламентот, Абе им се обрати на членовите на неговата партија и им рече дека на претстојните избори ќе станува збор за заштита на Јапонија, човечките животи и мирното секојдневие.

– Изборите се за иднината на нашите деца – изјави Абе.

Владата го одобри 22 октомври како датум кога ќе бидат одржани вонредните парламентарни избори за долниот дом на парламентот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...