fbpx

Јапонија одбележува 71 година од нападот на Хирошима

-

Јапонија денеска ја одбележува 71. годишнина од фрлањето на атомската бомба врз Хирошима од страна на Соединетите Американски Држави за време на Втората светска војна.

Ѕвоната на мирот во Хирошима се огласија во 8.15 часот, во исто време кога американскиот воен авион ја исфрлил атомската бомба врз градот. Околу 50.000 учесници на одбележувањето на годишнината, меѓу кои и лица кои го преживеале нападот, со едноминутно молчење им оддадоа почит на жртвите.

Градоначалникот на Хирошима Казуми Мацуи побара од светските лидери да го следат примерот на претседателот на САД, Барак Обама и да го исчистат светот од нуклеарното оружје.

„Зборовите на претседателот покажаа дека тој е трогнат од духот на Хирошима, кој одбива да го признае апсолутното зло“, изјвил Мацуи.

Обама годинава стана првиот американски претседател кој ја посетил Хирошима. Тој при посетата побара од светските нуклеарни сили, вклучително и неговата земја, да соберат храброст да ја избегнат логиката на страв и да работат на создавање на свет без нуклеарно оружје.

САД ја фрлија атомската бомба врз Хирошима на 6 август 1945 година. Во нападот на самото место загинаа илјадници луѓе, а уште 140.000 починаа од последиците на зрачењето до крајот на истата година.

Американските сили фрлија уште една атомска бомба на јужниот град Нагасаки на 9 август, а шест дена подоцна Јапонија прогласи капитулација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...