fbpx

Јапонија и Јордан се подготвени за размена со Исламска држава

-

Јорданскиот министер за информации соопшти дека неговата влада е подготвена за размена на ирачката затвореничка во Јордан за јорданскиот пилот што екстремистите од Исламска држава го заробија во декември минатата година.
Министерот Мохамед ал Момани во својата изјава не го спомена јапонскиот новинар Кенџи Гото, кој ИД, исто така, го држи како заложник.

Исламската држава вчера се закани дека ќе ги убие јорданскиот пилот и јапонскиот новинар Гото доколку ирачката затвореничка во Јордан не биде ослободена во рок од 24 часа.

Ирачанката беше осудена на смрт за нејзината улога во терористички напад на хотел во 2005 година, при кој загинаа 60 луѓе.

Премиерот на Јапонија, Шинзо Абе, утринава како одговор на новиот ултиматум на Исламска држава рече дека нивната последна закана за ликвидирање на заложниците е „достојна за презир“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...