fbpx

Јанушев: Се погласни се шпекулациите дека СДСМ е подготвена на фалсификат на референдумот

-

Уште еден опозициски протестен марш пред одржувањето на референдумот на 30 септември, најави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев. Местото на одржување, како што рече, дополнително ќе биде соопштено. Јанушев синоќа од Велес уште еднаш ја објасни позицијата на неговата партија во однос на референдумот, дека ВМРО ДПМНЕ не ги повика граѓаните на бојкот.

-Партијата не донесе став за бојкот. Партијата се реши за најдемократскиот и најслободоумниот начин на изразување на граѓаните. Ова е над сите политички партии во Македонија, над кој било поединец и задира во чувството на сите нас како Македонци и дека македонскиот народ и покрај тоа што има многу пропатено во изминатиот период, особено од година и пол, е доволно свесен паметен и знае како да одлучи на самиот ден на референдумот на 30-ти септември – изјави Јанушев.

Генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ изнесе шпекулации за можен фалсификат на референдумот од страна на СДСМ.

-Се’ погласни се шпекулациите дека СДСМ е подготвена да се дрзне и на фалсификат на самиот референдум, за што се надевам дека граѓаните нема да го дозволат тоа. И ние како политичка партија ќе застанеме на правата страна и нема да дозволиме какво било понатамошно урнисување на државата – рече Јанушев во Велес.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...