fbpx

Јанушев: Очекуваме Иванов да не го потпише Договорот

-

Со тоа што се прибегнува кон груба злоупотреба на прописите, злоупотреба на европското знаменце само за овој штетен договор со Грција да се донесе, е јасен показател дека власта, парламентарното мнозинство и премиерот Заев се свесни за неговата штетност и деструктивност, но и покрај тоа сакаат да го донесат овој договор, порача генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев пред Собранието, каде заедно со пратениците од партијата објавија дека нема да присуствуваат на седницата.

– ВМРО-ДПМНЕ и нашата пратеничка група одлучија да не присуствуваат на денешната седница каде се носи незаконски и неуставен договор кој преставува деградирање на македонските граѓани и е во спротивност со највисоките државни и национални интереси, рече Јанушев и порача дека партијата очекува претседателот Ѓорге Иванов да не го потпише законот за ратификација на договорот.

– Воедно очекуваме овој противуставен акт да не биде потпишан од страна на претседателот на државата бидејќи негова прва должност е заштита на државните интереси и заштита на Уставот на Република Македонија. Предупредуваме дека објавувањето на овој договор без потпис на претседателот е кривично дело кое не застарува и за кое се одговара – рече Јанушев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...