fbpx

Јанкулоска не дојде на судењето за „Тенк“, достави документација за ризична бременост

-

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска денеска не дојде на судењето за случајот „Тенк“ односно за набавката на луксузниот блиндиран „мерцедес“. Нејзината одбрана го оправда нејзиното отсуство со лекарска потврда за ризична бременост, објави „Телевизија 24“.

По увидот во лекарското уверение од страна на СЈО, специјалните обвинители побараа раздвојување на постапката за Јанкулоска, односно да и се суди одвоено.

Одбраната на поранешниот премиер, Никола Груевски и поранешниот помошник за внатрешни работи, Ѓоко Поповски се против барањето за раздвојување на постапката, бидејќи сметаат дека Јанкулоска е важна за нивната одбрана. Судот даде пауза од 45 минути за да одлучи за барањето на СЈО.

Во судот спроведен од Шутка е и поранешниот директор на СОЗР, Васе Доневски, кој треба да сведочи за овој случај.

Во случајот „Тeнк“, за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600.000 евра обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Според извештајот на Обединетите нации, климатските промени веројатно ќе донесат ризици по безбедноста и здравјето на повеќе од 70 отсто од светската работна сила, пренесе германската новинска агенција ДПА. Меѓународната...