fbpx

Јаневски: Во периодот што доаѓа во Струмица ќе станат повидливи ветените проекти

-

Коста Јаневски, градоначалник на Струмица и поранешен пратеник и член на Советот на Општината изразува умерено задоволство од досега сработеното, пред се затоа што, вели, за да се реализираат проектите мора да се исполнат законските предуслови, а за тоа е потребно време.

Запрашан како е задоволен од ветеното и текот на реализацијата, во интервјуто, спроведено во рамките на проектот „До отчетни општини преку активни граѓани“, спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“, а поддржан од американската непрофитна фондација NED ( National Endowment for Democracy), Јаневски најбројува повеќе активности.

Овој период е попасивен, се подготвуваат проектите и тендерските документации. Еден дел од нашите предизборни ветувања се во тек и се движат, а некои и се реализирани, како што е оној за згрижување на кучињата бездомници. Тој проект е доведен до фаза за одобрување за градење.

Ги исчистивме и каналите за наводнување, што наиде на одобрување… Имавме бетонирање во Турското маало со потпорен ѕид, исто така потпорен ѕид и на ул. Првомајска, таа активност ја завршивме.

Советот веќе донесе е одлука поврзана за т.н. зелени кровови, со што се достапни одредени комунални олеснувања. Во тек е последната фаза на подготовка за изградба на станица за полнење на електрични возила, со цел да го поттикнеме еколошкиот аспект преку нашиот буџет. Го помагаме и спортот преку поддршка на спортските клубови, но на одреден поправичен начин и преку рамномерно исплаќање на ратите.

Работиме не само во градот туку и низ населените места

Ветивме и реализираме финансиска подршка за новороденчињата… Сега е време и фаза кога не се многу видливи проектите што се реализираат или треба да се реализираат, но работите се во теки се подготвуваат многу проектни документации и тоа луѓето ќе го видат наскоро и тоа не само во градот.

Има приклучок на канализациониот систем во населено место Добрејци, бараме изведувачи за канализициони системи во Дабиле и Просениково… Јавното осветлување го правиме поефикасно со нови поефикасни светилки и тоа не само во градската средина, сега имаме интервенција во Куклиш, Добрејца…

Мислам дека во наредниот период согледувањата за исполнети ветување ќе бидат уште поубедливи. Знаете имаше ветување со рок за оваа година, некои за наредната година, а некои се прилично опсежни, амбиициозни и комплексни, но јас стојам на тоа дек аќе дадеме се од себе да ги исполниме 100 процентно.

Не гледаме потреба за портпарол

Во врска со отчетноста, на стандардизираните прашања градоначалникот Јаневски одговори:

  • Портпарол, посебно некое означено лице во Општина Струмица нема. Смета, а и досега така било, дека можеби и нема некоја потреба од посебно делегирано лице за тоа. Мисли дека сите вработени, се достапни и ги коментираат одлуките, да даваат изјави….
  • Се јавува на телефон кога го бараат новинарите и претставници на граѓанското општество. Неговиот телефон е десетина години ист, тој број го знаат струмичани и од неговата медицинска пракса, кога активно работел како доктор. Ако некогаш не се јави, пишува пораки и се труди секогаш да одговори што е можно повеќе.
  • Се објавуваат сите одлуки на градоначалникот и на Советот на општината, во службениот весник на општината и на сајтот на Општина Струмица
  • Објавена е и административната структура на Општината – раководители на секотри, на одделенија, ги има на веб страната.Објавен е и буџетот на Општината и во Служебе весник и на веб страницата.
  • Вели дека се објавени и проектите и трошоците за истите. Објавени се и на веб страницата, а преку кварталните извештаи се следат промените, реализацијата на буџетите, процентите и т.н.
  • Објавени се и податоците за трошоците на Општината од типот храна, пијалоци, телефон итн., преку кварталните извештаи…„Имаме и обврска тие трошоци да ги објавууваме и на сајтот на Бирото за јавни набавки“.
  • Записниците од седниците на Советот не се објавуваат. „Меѓутоа седниците се јавни, тие директно се пренесуваат и граѓаните можат да имаат увид. Би можеле да размислиме и записниците да ги закачиме на веб страницата“.
  • Има назначено и лице за информации кои се од јавен карактер и листа на достапни документи.
  • Се објавува и годишната програма за работа и реализацијата, како и трошоците за спроведување на таа програма.

Целото интервју кое го реализира новинарот Ване Трајков може да го проследите подолу:

 

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED – National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...