fbpx

Јанева во 11 часот на новинарите ќе им го презентира извештајот за работењето на СЈО

-

Во 11 часот, во новите простории на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), специјалната обвинителка Катица Јанева ќе одржи прес-конференција на која ќе биде презентиран шестмесечниот извештај на ова обвинителство, соопштија од СЈО.

Во соопштението на СЈО е наведено дека обвинителите ќе одговорат на сите прашања за кои новинарите пројавиле интерес во изминатиот период.

Обвинителката ќе треба извештајот да го достави и до Собранието, но сè уште не се знае дали таа ќе го презентира пред пратениците.

В петок, обвинителите од СЈО ќе треба да присуствуваат и на рочиштето за случајот „Пуч“, во кој меѓу обвинетите се лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Зоран Верушевски.

Последното рочиште за „Пуч“ се одржа на 2 март. Специјалната обвинителката тогаш побара одложување на расправата бидејќи, како што рече, на судењата не доаѓа сведокот кој е оштетен во случајот и дека од судот не им се доставени копии од списите и електронските докази што им се потребни за да ги подготват воведните говори. Јанева тогаш не го кажа името на сведокот, но јасно е дека станува збор за поранешниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Следното рочиште беше закажано за 3 мај, но тоа воопшто не се одржа бидејќи во меѓувреме претседателот Ѓорге Иванов аболираше 56 политичари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...