fbpx

Јанева утре треба да го поднесе извештајот за првите шест месеци од работата

-

Утре (15 март) е последниот рок до кога Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева треба да поднесе извештај за својата работа до Собранието на Република Македонија и Советот на јавните обвинители.

Според ставот 1 од членот 7 на Законот со кој е основано специјалното јавно обвинителство, на 15 септември, минатата година, Јанева за својата работа е одговорна единствено пред Собранието и пред Советот на јавни обвинители.

„Јавниот Обвинител ќе поднесува извештај секои шест месеци за неговите/нејзините активности, вклучувајќи и опис за напредок во која било истрага или гонење преземено од Јавниот Обвинител. Во таквиот извештај може да бидат изоставени материјали кои според Јавниот обвинител треба да се чуваат како доверливи, но ќе обезбеди соодвети информации за да ги оправда трошоците“, стои во ставот 2 од истиот член на Законот.

Според агедната на Собранието, на интернет-страницата на законодавниот дом, за утре ниту за деновите од оваа недела не е закажана седница, ниту во комисиите, ниту на пленарно ниво во врска со извештајот на СЈО.

Исто така, според работниот, финансовиот и персоналниот план на СЈО, 15 март беше наведен како рок во кој треба да бида донесени првичните одлуки на Јанева по предметите кои ги презеде во своја надлежност.

Досега Јанева и нејзиниот тим обвнители, отворија предистражни постапки за повеќе предмети, а истражна постапка, која е фаза од кривичната постапка пред покренување на обвинение, беше отворена за случајот „Титаник“, во кој неколкумина високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ и поранешни и актуелни владини претставници кои се товарат за изборни измами.

„Доколку сите предвидени услов за непречено вршење на работите бидат испочитувани, а во зависност од обемноста на материјалите и комплексноста на истрагите, се очекува првичните одлуки Јавниот обвинител да ги донесе во периодот од 15 декември 2015 до 15 март 2016 година“, стои во работниот планот на Јанева го достави до надлежните институции на почетокот на октомври, минатата година

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...