fbpx

Јанева со дел од тимот на семинар за финансиски истраги во Будва

-

Специјалната обвинителка, Катица Јанева, заедно со обвинителите Љубомир Лапе, Марија Ѓорѓева и Бирум Рустеми и со истражителот Атанас Гинев, вчера и завчера учествувала на семинар кој се одржал во Будва, Црна Гора, соопштија од Специјалното обвинителство.

Семинарот, кој се одржал под покровителство на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Подгорица, бил на тема „Финансиски истраги и меѓународна соработка“.

„На семинарот се дискутираше за новата регулатива во областа на финансиските истраги, идентификацијата на сомнителните трансакции и соработката со финасиските институции, меѓуинституционалната соработка, меѓународните и регионални искуства во финансиските истраги и искуствата на Црна Гора во финансиските истраги“, стои во соопштението на обвинителството, кое ќе ги истражува наводите што произлегуваат од содржината на прислушуваните разговори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...