fbpx

Јанева: СЈО не гони обични криминалци, туку криминална група во врвот на власта

-

Судот треба да сфати дека СЈО не гони обичен криминал, туку ја гони криминалната група која се наоѓа во врвот на власта и затоа судот мора совесно, чесно и професионално да си ја извршува својата должност кога станува збор за случаите на Специјалното јавно обвинителство. Ова денеска го изјави специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која беше гостин на презентацијата на истражувањето „Неосновано притворени – правни и буџетски последици, што се одржа во ЕУ-Инфоцентарот во Скопје.

– Ние ги образложуваме сите предлози за притвор, но како што знае јавноста, од одреден број на судии тие се одбиваат на ист начин иако ние ја следиме судската и европската практика, за тоа како треба да се бара притвор и други мерки за обезбедување на осомничени. Не сме задоволни од постапувањето на судот по нашите предмети. Кога ги поднесуваме барањата за претрес или притвор секој пат одредено лице, одреден судија одлучува по нашите барања – рече Јанева.

Специјалната јавна обвинителка нагласи дека на овој начин судијата „може да ја злоупотреби својата службена должност и овластување кога станува збор за висока корупција од страна на високи функционери од власта што ја истражува СЈО“.

– Ние како Специјално јавно обвнителство не гониме обичен криминал, туку ја гониме криминалната група која се наоѓа во врвот на власта на Република Мкаедонија и тоа мора да се сфати од страна на судот кој претставува трета власт, која треба совесно, чесно и професионално да си ја извршува својата службена должност во врска со случаите на СЈО, што за жал не е така – рече Јанева.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...