fbpx

Јанева: Никогаш не сум била член на СДСМ, уплатницата за членство е лажна

-

Никогаш не сум била член на политичката партија СДСМ ниту, пак, сум извршила уплата за наводна верификација за членство во оваа политичка партија, вели специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во реакцијата по повод пишувањата на дел од медиумите за нејзиното наводно членство во опозициската партија.

Јанева вели дека документите што вчера ги објави дневниот весник „Вечер“ се невистинити, а од СЈО упатија апел до надлежните органи „да ја испитаат злоупотребата на личните податоци на специјалната јавна обвинителка, со оглед дека во изминатиот период ваквата злоупотреба се повторува“.

„Вечер“ вчера објави напис во кој, повикувајќи се на уплатница од банка, се тврди дека Јанева во јули минатата година уплатила 400 денари за верификација на членството во СДСМ.

„Апелираме медиумите во иднина пред да објават вести во кои се повикуваат на наводни документи, да ја проверат веродостојноста на документите на кои се повикуваат од субјектите посочени како нивни издавачи, а во насока на правилно и точно информирање на јавноста“, стои во денешното соопштение од кабинетот на Јанева.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...