fbpx

Јанева и Зврлевски на иста маса со Бејли во „Холидеј ин“

-

Сите поканети гости се појавија на конференцијата на тема „Ефективна борба против корупцијата на високо ниво: прашање на личност или на систем?“, која од утрово се одржува во хотелот „Холидеј ин“, со почеток во 10.30 часот. На иста маса седнаа јавниот обвинител, Марко Зврлевски, амбасадорот на САД, Џес Бејли, и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

На конференцијата гостинка и учесник ќе биде романската главна обвинителка во Националниот директорат за антикорупција (ДНА), Лаура Кодрута Ковеси.

И Собраниската комисија за политички системи ја чека Јанева на седница закажана за денеска во 11 часот. Комисијата треба да ја продолжи работата за разгледување на извештајот за шестмесечната работа на специјалната јавна обвинителка.

Претседалот на комисијата, Владимир Ѓорчев, вчера ја одложи седницата поради, како што рече, неприсуството на Јанева, кое го оцени како непочитување на Собранието, Уставот и на законите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Никој во последниве години не одговарал и не бил осуден за кривичното дело „предизвикување шумски пожар“. Мета.мк ги побара податоците од Кривичниот суд за тоа колку пресуди биле донесени...