fbpx

Јанева и денеска ќе одговара на прашањата на пратениците

-

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието, денеска во 11 часот треба да ја продолжи седницата на која пратениците ќе ги разгледуваат извештаите за работата на Специјалното јавно обвинителство и на Јавното обвинителство на Република Македонија.

Обвинителката Катица Јанева вчера го образложи, а потоа одговараше на прашања на пратениците во врска со вториот  извештај за работата на институцијата што ја води.

Јанева вчера до пратениците упати три барања: да се измени членот 22 и да се пролонгира рокот од 18 месеци за да може целосно да се истражи кој, на кој начин и во кој период прислушувал незаконски во Република Македонија, да се донесат измените на Законот за заштита на сведоци со кој на Јанева ќе ѝ се овозможи да ги заштити сведоците и пратениците да ги имплементираат препораките од Венецијанската комисија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Реакции по одлуката Саудиска Арабија да го предводи форумот за правата на жените на ОН

Саудиска Арабија е избрана да биде претседавач со комисијата на Обединетите Нации што ја промовира родовата еднаквост, а одлуката е критикувана од групи за човекови права поради исклучително лошото...