fbpx

Јанева го повлече барањето на Зврлевски да му се укине притворот на Кочан

-

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска го повлекла од Врховниот суд барањето за заштита на законитоста што во понеделникот го поднел републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски, во врска со притворот на бизнисменот Сеад Кочан, осомничен во случајот „Труст“.

Во дописот, со назнака „многу итно“, Јанева се повикува на членот 5 од Законот за Специјално јавно обвинителство, според кој СЈО е исклучиво надлежно за истражување и за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите.

– Јас, како јавен обвинител, сум исклучиво надлежна да постапувам по предметите поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите во сите судски инстанци. Поради тоа, денеска со поднесок испратен до Врховниот суд на Република Македонија го повлеков барањето за заштита на законитоста поднесено од Јавното обвинителство на Република Македонија – вели Јанева во дописот.

Обвинителството на Зврлевски, во понеделникот оваа недела, испрати и побара од Врховниот суд да го уважи барањето за заштита на законитоста на Јавниот обвинител на Република Македонија и да ги укине решенијата на Oсновниот суд Скопје 1 од 7 март 2017 година и на Апелацискиот суд од 15 март 2017 година и предметот да го врати на повторно судење и одлучување.

На Сеад Кочан, кој е еден од тројцата осомничени во случајот „Труст“, Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 на 7 март му одреди мерка притвор, а одлуката подоцна ја потврди и Апелацискиот суд. Оттогаш Кочан е недостапен за органите на прогонот и против него е распишана меѓународна потерница.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...