fbpx

Јанева: Ако ја дочекаме пленарната седница, ќе го чуете моето специјално обраќање

-

Ако бидеме живи да ја дочекаме пленарната седница, ќе го чуете специјалното обраќање за извештајот што го имам подготвено, одговори специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, на прашањата на пратеничката од владејачката коалиција Владанка Авировиќ.

На прашањето од Авировиќ зошто Јанева има преслушано само 12 проценти од разговорите, специјалната обвинителка одговори дека е човек, а не „супермен“.

Исто така, обвинителката истакна дека извештајот од 16 страници е слика на работата на СЈО во изминативе шест месеци.

– Изминатите десет години, како што знам, никој не ги брани извештаите како јас, а во изминатите пет никој дури и не доставува извештај. Ако видев пример во некој извештај, сега можеби ќе бев посуштинска – одговори Јанева.

Таа додаде и дека снимките што протекле за луѓе откако СЈО ја презело надлежноста на прислушуваните материјали биле пратени кај вештаци од Македонија за да направат вештачење, но тие одбиле да направат. Како што рече Јанева, според закон тоа не е казниво и затоа СЈО ги пратило снимките во меѓународни институции. Таа, исто така, кажа дека ѝ е драго што изминативе неколку дена „од кома“ се разбудиле неколку институции како што се Советот на јавни обвинители, Врховниот суд и Судскиот совет. Јанева упати неколку прашања до овие институции и ги замоли пратениците да го сторат истото во нејзино име.

– Би сакала да ја прашам Лидија Неделкова колку време ѝ треба да одлучи по иницијативата од Специјалното јавно обвинителство за барање за оценување на законитост на Едмонд Темелко. Исто така, би го прашала Судскиот совет од Кривичниот суд за роковите во однос на судењето за случајот „Пуч“ и другите случаи. Јавнообвинителскиот совет го прашувам согласно кој закон и кој член одлучува чија е надлежноста на случаите кои им ги предава Јавното обвинителство, а СЈО по службена должност бара надлежност. Сакам да порачам дека јас и мојот тим ќе се избориме со сите опструкции што ни ги правите и ќе се потрудиме да се врати довербата во институциите – рече Јанева.

Одговарајќи на прашањето дали има разговори со бизнисмени, Јанева рече дека има, но сè уште не може да каже дали станува збор за законски или незаконски бизниси.

Одговарајќи на прашањето на Арвировиќ дали Јанева планира да набави материјални докази за случаите за кои пратеничката изрази сомнеж дека можат да паднат на суд, специјалната обвинителка одговори дека приоритет во нивната работа е прибавувањето докази. Исто така, Јанева рече дека според закон има автономно право да одлучува кој сè ќе биде вработен во СЈО и ги уверуваше пратениците дека лицата во ова обвинителство се вработени според законски процедури и се компетентни.

Јанева, исто така, истакна дека правните експерти се ангажирани законски и ниту еден од нив не сакал паричен надомест, но таа инсистирала на тоа затоа што тие работат со доверливи материјали, а и затоа што смета дека секој треба да биде платен за својата работа. Комисиската расправа беше накратко прекината за да се одржи пленарната седница која беше закажана.

Пленарата седница почна и траеше две минити, по што беше прекината, а ќе биде закажана дополнително.

Денешната седница на комисијата почна со повеќе од 40 минути доцнење, потоа пратениците еден час расправаа процедурално, а единствен говорник беше пратеничката Авировиќ, која повеќе од 45 минути зборуваше од говорницата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...