fbpx

Јанава на прес-конференција, па пред Советот на јавни обвинители

-

Денеска, во 11 часот, специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, пред Советот на јавни обвинители треба да го презентира вториот извештај за работата на Специјалното јавно обвинителство.

Ова вчера за „Мета“ го потврди претседателот на Советот, Петар Аневски, кој рече дека сè уште не може да каже дали седницата ќе биде отворена за новинарите.

Денеска, во 11 часот, Јанева ја очекуваат и на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, за пратениците да можат да продолжат со расправата.

Претседателот на собраниската комисија, Влатко Ѓорчев, двапати ја одложува седницата поради тоа што Јанева не присуствувала.

Јанева ја напушти седницата завчера и рече дека пратениците ѝ прават мобинг и дека нема намера да се врати, освен на пленарна седница.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...