fbpx

Извозот и увозот до јули, намалени во однос на истиот период лани

-

Извозот во периодот јануари-јули изнесува 2.557.911.000 долари, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика. Во однос на истиот период лани, кога извозот изнесувал 2.834.158.000 долари, има пад од 276.247.000 долари.

Увозот во периодот јануари-јули изнесува 3.650.953.000 долари, и во однос на истиот период лани, бележи пад од близу 600 милиони долари.

Покриеноста на увозот со извоз во периодот јануари-јули 2015 е 70,1 отсто. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, како и производите од железо и од челик.

Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), електричната енергија и другите метали од платинската група и нивните легури.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...