fbpx

Извлечени и последните тела од хотелот во Италија, настрадаа 29 лица

-

Италијанските спасувачи утринава ги извлекоа и последните тела од урнатините на хотелот уништен од лавина. Вкупно, настрадаа 29 лица, соопштија противпожарните служби.

Како што се наведува во соопштението, со тоа е ставен крај на повеќедневната потрага по преживеаните и по телата на настраданите во хотелот „Ригопијано“ во Централна Италија, кој на 8 јануари беше погоден од лавина, предизвикана од земјотрес.

Од урнатините во текот на првите денови од потрагата беа спасени девет лица.

Премиерот на Италија, Паоло Џентилони, вчера во парламентот изјави дека доцнењата и „лошата организација“ ја забавиле спасувачката акција, но додаде дека „сега не е време за барање вина“.

Обвинителство наведува дека обдукцијата на првите шест тела покажала дека лицата починале од физички трауми, непосредно по уривањето на хотелот и како последица на замрзнување и на задушување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЗНМ: Претставка до ДИК за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Мета.мк

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) соопшти дека ќе достави претставка за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Новинската агенција Мета.мк до Државната изборна комисија (ДИК). Претставката...