fbpx

Извезени 46.500 тони преработени овошје и зеленчук

-

На странските пазари, минатата година се извезени вкупно 46.500 тони преработки на овошје и на зеленчук, што е за 3,1 отсто повеќе споредено со претходната година. Најголем дел од нив се извезени на европскиот пазар.

Ова го покажуваат податоците на Македонската асоцијација на преработувачи (МАП).

Освен зголемување на количеството на извезени конзервни производи, за 3 проценти е зголемена и вредноста, која за цела 2014 година изнесува вкупно 51,2 милиони евра.

Според податоците на Асоцијацијата, лани биле извезени 35.800 тони преработки од зеленчук во вредност од 40,7 милиони евра, а по нив следат преработките на овошје, во вкупно количество од 10.600 тони или во вредност од 10,3 милиони евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...