fbpx

Извештајот за поплавите е готов и идната недела оди во Брисел

-

Извештајот за штетите од поплавите што во јануари и во февруари ја погодија Македонија е готов и наредната недела треба да биде презентиран во Брисел, изјавил денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков, на собраниската седница посветена на пратенички прашања.

Најголеми штети од поплавите, според Цветков, претрпеле општините Могила и Новаци. Поплавите предизвикале штети во 43 од вкупно 80 општитни во Македонија, а биле погодени околу 170.000 луѓе.

Извештајот бил подготвен врз основа на извештаите од општинските комисии за штети и од тим составен од претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, странски експерт од Светска банка (СБ) и од домашен експерт ангажиран од СБ.

– Брзата процена на штетите од податоците што се дадени може да се види дека во земјоделството штетите и загубите се проценуваат на околу 13,6 милиони евра. Штетите на системите за наводнување и за одводнување се проценуваат на 4,9 милиони евра. Во секторот на транспорт на околу 3,9 милиони евра. Во секторот за домување на околу 975.000 евра. Од овие суми коишто ги кажав, најмногу штети се направени по текот на Црна Река и тие штети изнесуваат околу 19,6 милиони евра, што претставува 81 отсто од вкупната проценета штета од поплавите во Република Македонија – рекол Цветков.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...