fbpx

Извештајот на Прибе е реален и ќе го користиме за надградба на планот „3-6-9“, велат од Владата

-

Извештајот на Прибе објавен денеска дава реална слика за системските и долгогодишни предизвици кои оваа Влада ги наследи по преземањето на власта во јуни 2017 година, затекнувајќи заробена држава, се вели во реакцијата на Владата на новиот извештај на експертската група на Европската комисија, предводена од Рајнхард Прибе.

„Токму во првите 100 дена од работењето, новата влада успеа да ги согледа овие проблеми и загрижена за досегашното загубено време и шанси, изработи реформски план „3-6-9“ кој веќе опфаќа дел од проблемите утврдени во новиот Извештај на експертската група на Прибе и отвора пат за нивно решавање. Истакнуваме дека Извештајот на Прибе објавен денеска ќе го искористиме како насока за надградување и за подобрување на планот „3-6-9“, како и за определување на приоритетните мерки за наредниот период. Плановите на Владата ќе се прават врз основа на соодветни анализи и во отворен и инклузивен процес со Собранието, опозицијата и со граѓанското општество“, се вели во соопштението од владината прес-служба.

Од таму нагласуваат дека Владата има сериозен пристап кон суштинските промени кои треба да се направат, не само во плановите и стратегиските документи туку и на дело во практиката, без повторување на грешките од минатото.

Во извештајот на експертската група се вели дека важни сектори, како судството, бараат системски реформи базирани на инклузивен и на транспарентен процес. Од таму препорачуваат дека подготовката треба да почне веднаш, но дека реформите не треба да се брзаат.

„Довербата треба да се обнови. Постои широко распространета перцепција во земјата дека во последните години одлуките беа политизирани, дека партиите ја презедоа сопственоста врз државата, дека носителите на функции имале судир на интереси и дека ја „помешале“ нивната официјална функција со нивната партиска/лична агенда. Скандалот со прислушувањето претставува масовно прекршување на фундаменталните права“, пишува во извештајот.

Според експертската група, од суштинско значење е реформите во безбедносниот сектор, особено во однос на следењето на комуникациите, да се спроведуваат како итни. Тие нагласуваат дека е имплементирана само една од дванаесетте препораки од 2015 година во областа на судството и на обвинителството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...