fbpx

Израелски авиони гаѓаа воен комплекс на Хамас во Газа

-

Израелските воздухопловни сили утрово погодиле воен комплекс на исламското екстремистичко движење Хамас во појасот Газа, како одговор на претходно истреланата ракета од палестинска страна, која падна во отворено подрачје на југот на Израел, јавуваат светските агенции.

Во тој инцидент немаше жртви и повредени, а не беше причинета ниту материјална штета.

Агенциите, повикувајќи се на палестински извори, наведуваат дека и во израелската одмазда немало жртви, но била причинета материјална штета.

Палестинците од Газа истрелаа 18 ракети и минофрлачки гранати откако претседателот на САД, Доналд Трамп на почетокот на декември минатата година го призна Ерусалим за главен град на Израел.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.